дома Хроника Coобрaќaјнa нeзгoдa во Пробиштип, мотоциклист е тeшкo пoвpeдeн

Coобрaќaјнa нeзгoдa во Пробиштип, мотоциклист е тeшкo пoвpeдeн

На 15.07.2020 во 13.15 часот било пријавено дека во Пробиштип на ул.„Миро Барага“, во близина на крстосницата со ул.„Тодор Александров“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „сузуки свифт“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Ф.П.(67) од Пробиштип и мотоцикл „кавасаки“, без регистарски ознаки, управуван од С.А.(26) од Пробиштип, информираат од МВР.

Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.