дома КОВИД-19 (Коронавирус) Heкoj ќe чeкa вakцини, нeкoj ќe ce вakциниpa: Израел вakциниpaл тpeтинa oд...

Heкoj ќe чeкa вakцини, нeкoj ќe ce вakциниpa: Израел вakциниpaл тpeтинa oд нaceлeниeтo зa шecт нeдeли

Шест седмици откако ја започна кампањата за вакцинирање против Covid-19, првата доза веќе ја примиле околу три милионa луѓе или околу третина од вкупното население на Израел.

Околу 1,7 милиони Израелци ја добиле и втората доза од вакцината, соопшти во саботата министерството за здравство.

Бројот на заразените во земјата и натаму е висок, а во последните 24 часа забележани се дури 6.435 нови случаи на зараза со коронавирусот. Според министерството, особено е голем бројот на заразените меѓу арапското население и меѓу ултраортодоксните Евреи.

Веќе три седмици во Израел на сила е целосното „затворање“, но мерките за сузбивањето на ширењето на коронавирусот постојано се кршат.

Но како резултатот од спорот меѓу десничарската партија Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху и коалицијата на левиот центар Сино-бело предводена од министерот за одбрана Бени Ганц, мерките може да бидат укинати.

Ганц повикува на поостри казни како предуслов да даде поддршка за продолжување на рестриктивните мерки. Министерството за здравство инсистира на продолжување на мерките, коишто истекуваат во побнеделникот навечер, имајќи го предвид големиот број заразени.