дома Свет Koшмap за Американцитe: Кина и Северна Кореја заедно во бopбата против нeпријателствата...

Koшмap за Американцитe: Кина и Северна Кореја заедно во бopбата против нeпријателствата на странските cили

Лидерите на Северна Кореја и Кина, Ким Јонг Ун и Си Џинпинг денеска разменија пораки по повод 60-годишнината од Договорот за пријателство, соработка и взаемна помош меѓу двете земји, јави севернокорејската агенција КЦНА, јавува Танјуг.

Тие ветија дека ќе ја интензивираат соработката, пренесува Ројтерс.

Во пораката до Си, Ким рече дека соработката е клучна во борбата против непријателствата на странските сили.

Кинескиот претседател вети дека ќе ја подигне соработката „на ново ниво“.

Договорот за пријателство е потпишан на 11 јули 1961 година.