дома Европа Paзрешен романскиот министер за финансии бидејќи не ги завршил ветените реформи на...

Paзрешен романскиот министер за финансии бидејќи не ги завршил ветените реформи на време

Романскиот премиер Флорин Циту го разреши својот министер за финансии, Александру Назаре, посочувајќи на огромните одложувања на Министерството за финансии при спроведување на реформите, пренесува Еуроактив

Одлуката го потресе раководството на Националната либерална партија (ПНЛ), а претседателот на партијата Лудовиќ Орбан рече дека Циту нема зелено светло за разрешување на министерот.

И Циту и Орбан се натпреваруваат за претседател на ПНЛ на партискиот конгрес во септември и двајцата се обидуваат да соберат што поголема поддршка од членовите на партијата.

Во пораката објавена на Фејсбук, Назаре рече дека премиерот прво побарал негова оставка, велејќи дека во секој случај ќе биде разрешен.

Сега веќе поранешниот министер за финансии рече дека Циту му рекол дека разрешувањето не се должи на неговите резултати, туку е поврзано со тимот, без повеќе детали Назаре објасни дека избрал да остане неутрален во внатрешните работи на партијата, но можеби тоа не било доволно за премиерската позиција.

Циту – кој беше министер за финансии минатата година во кабинетот предводен од Лудовиќ Орбан – ќе ја преземе функцијата привремен министер за финансии.

Назаре е вториот министер сменет од Флорин Циту откако неговата влада беше инсталирана на крајот на декември 2020 година.

Првото разрешување на тогашниот министер за здравство Влад Воикулеску беше контроверзно и затоа што Воикулеску е член на друга партија (УСР ПЛУС) и неговото разрешување доведе до сериозна криза во коалицијата.