дома Временска Прогноза Oд yтpe пoвтopнo утpинcки минycни тeмпepaтypи: Oд cpeда o6илни вpнeжи oд дoжд,...

Oд yтpe пoвтopнo утpинcки минycни тeмпepaтypи: Oд cpeда o6илни вpнeжи oд дoжд, на виcoкитe мecтa cнeг

Времето во земјава утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со услови за повремен локален дожд. Пообилни врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег се очекуваат во среда.