дома Актуелно (Фото+Видео) Opизoпpoизвoдитeлитe гo извaдиja peвoлтoт нa yлицa – Блoкaдa нa пaтoт Штип-Кочани

(Фото+Видео) Opизoпpoизвoдитeлитe гo извaдиja peвoлтoт нa yлицa – Блoкaдa нa пaтoт Штип-Кочани

Оризопроизводителите од Кочанско се собраа на протест, при што го блокираа сообраќајот на патот Штип-Кочани кај Облешево.

Тие реагираат на ниската откупна цена на оризот и арпата, како и на зголемените цени на репроматеријалите пред самиот старт на жетвата.

Оризопроизводителите велат дека цената на арпата е од 15 до 18 денари, а цената секогаш им паѓа кога добиваат субвенции. Реагираат дека откупувачите манипулираат и бараат заштита од државата. Меѓу барањата се забрана на увоз на ориз, за да се заштити домашниот кочански ориз и да се дефенира произведна цена.

Видеото може да го полгледнете ТУКА.