дома Хроника TЕШКА СООБРАЌАЈКА ВЕЧЕРВА: Блокирана улицата кај Скопски саем поради тешка сообраќајка!

TЕШКА СООБРАЌАЈКА ВЕЧЕРВА: Блокирана улицата кај Скопски саем поради тешка сообраќајка!

Сообраќајна несреќа се случи пред малку на мостот во близина на Скопски саем. Од сообраќајката има повредени лица и материјална штета.

Во сообраќајката учествуваа две моторни возила, односно такси возило марка „рено“ и автомобил марка „форд фиеста“.

Сообраќајот во моментов се одвива отежнато само по една коловозна лента, односно останатите три ленти на булеварот се затворени.

Очевидци за Телеграф кажаа дека најверојатно причината за несреќата е лизгав, односно подмрзант коловоз и неприлагодена брзина на движење.

Пред малку пристигна возило на Брза помош, се очекува во секој момент и полицијата да го испита причините до кои дошла сообраќајката.