дома КОВИД-19 (Коронавирус) XУMAHИTAPHA ПOMOШ ЗА АМЕРИКА: Русија ќе испрати пoмoш во САД за бopбa...

XУMAHИTAPHA ПOMOШ ЗА АМЕРИКА: Русија ќе испрати пoмoш во САД за бopбa пpoтив kopoнaвиpycoт

Русија им испраќа на Соединетите Американски Држави опрема за помош во борбата против коронавирусот, јавуваат руските агенции повикувајќи се на портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Претседателот Владимир Путин му ја предложил помошта во телефонскиот разговор со претседателот Доналд Трамп во понеделникот кога разговарале за пандемијата на коронавирусот и цената на нафтата.

„Трамп со благодарност ја прифати понудената хуманитарна помош“, изјави Песков.

Рускиот авион со медицинска и заштитна опрема би можел уште утре да летне за САД, додаде тој.

САД имаат речиси 180.000 потврдени заболени со вирусот ковид-19, со тоа што денес беа потврдени нови 16.000.

Втор ден по ред во САД умираат повеќе од 500 луѓе, со што вкупниот број на смртни случаи поврзани со вирусот се искачи на 3.600, јавува Ројтерс повикувајќи се на официјалните информации.

Односите на Русија и САД во последните години се комплицирани поради санкциите кои Вашингтон им ги наметна на руските компании по анексијата на црноморскиот полуостров Крим.