дома Русија Xakерски нaпaд врз руски центар за вaкцини

Xakерски нaпaд врз руски центар за вaкцини

Руски специјалисти забележаа зголемување на сајбер нападите врз производителите на вакцини против вирусот корона за време на пандемијата. Меѓу другото, хакерите се обидоа да добијат пристап до подготовките на центарот „Вектор“, рече заменик директорот на Националниот центар за координација за компјутерски инциденти (НККИ), Николај Мурашов.

„И покрај тезата што ја ширеа странските медиуми за неефикасноста на руската вакцина против ковид 19, за време на периодот на нејзиното создавање, имаше четирикратно зголемување на бројот на компјутерски напади врз информатичките ресурси на производителите“, рече Мурашов.

Според него, „сите компјутерски напади врз еден од најголемите научни вирусолошки и биотехнолошки руски центри -„Вектор“, имаа за цел неовластен пристап до информациските ресурси на организацијата. Тоа сведочи за плановите за добивање технологии за создавање вакцина против короната, посочи тој.

Како што рече Мурашов, „медиумската позадина создадена околу kovid 19 доведе до зголемување на компјутерските напади преку социјален инженеринг, каде што темата за коронавирусна инфекција се користеше како мамка“.

„Во состојба на стрес, луѓето станаа крајно подложни на измамнички трикови од хакери кои ја користеа новата реалност создадена под влијание на пандемијата во нивните интереси“, објасни тој.

Да потсетиме, претседателот на Русија, Владимир Путин, во октомври минатата година објави дека во Русија е регистрирана друга вакцина против вирусот корона, која е развиена од Државниот научен центар „Вектор“, и која се викаше „ЕпиВакКорона“. Испитувањата на вакцината по регистрацијата започнаа на 26 ноември, а на 18 ноември Министерството за здравство на Русија издаде дозвола до центарот „Вектор“ за спроведување на испитувања по регистрација на вакцините „ЕпиВакКорона“ .