дома Uncategorized ZORAN ZAEVI СРЕЌЕН ТАМУ КАДЕ ШТО СЕ ПОНИЖУВА МАКЕДОНИЈА: Политичката поддршка од...

ZORAN ZAEVI СРЕЌЕН ТАМУ КАДЕ ШТО СЕ ПОНИЖУВА МАКЕДОНИЈА: Политичката поддршка од „Балистите“ поважни од негирањето на Македонија!

Заев седеше во ложата на трибините и си правеше „селфи“, додека во исто време на само неколку метри од него се вееја знамиња на УЧК и шалови со карта на голема Албанија, среќен онаму каде што се понижува Македонија

Негирањето на Македонија за Зоран не е проблем се додека мисли дека добива политичка поддршка од „Балистите“ кои се познати по нивната иконографија со знамиња на УЧК, Голема Албанија, со ликовите на Џемо Хаса и основачот на УЧК Адем Јашари.

Ако сте се запрашале, Џемаил Хасани познат и како Џемо Балистот, Џем Хаса, Џемо Симница бил балист од Македонија, лидер на Бали Комбетар за Западна Македонија. Него, Италијанците претежно го искористиле за борба против партизаните и му давале месечна плата од 50 илјади лека.

Џемаил Хасани е роден во 1908 година во гостиварското село Симница. Растел во многудетно и сиромашно семејство. Уште како дете почнал да работи со земјоделие на татковиот имот. Тешката сиромаштија и самиот албански отпор кон српската окупација во Македонија, потпомогната со изборот на Албанија да се приклучи кон фашистичката оска, кај Џемо се јавува желбата за војување.

Во почетокот заминал да војува во јужниот дел на Албанија. За својата ефикасност е прогласен за воен офицер лично од кралот на Албанија, Ахмед Зогу. Во почетокот на 1941 година се враќа во Македонија, каде започнува со неговите ѕверства врз македонското население. Дејствувал во цела Западна Македонија. Во почетокот на 1945 година Џемо Хаса и уште триста други души, во близината на мостот на река Маздрача, кај село Жеровјане, на патот Тетово-Гостивар, почнале борба со партизаните, каде стрелале 7 души. На 6 мај 1945 Хасани е убиен. Претходно, во почетокот од 1945 година, ОЗНА во Македонија организирала потрага по Џемо, кој со вооружени групи се движел низ Албанија и западна Македонија. Во март истата година биле воспоставени контакт и соработка со Риза Раифи, роднина на телохранителите на Џемо: Абдула Зибери, Абдула Амити и Назиф Амити. Соработникот Риза Арифи се обврзал заедно со телохранителите да го заработат или ликвидираат Џемо. ОЗНА за возврат им ветила слобода, доколку не продолжат со ограбувањата

Зоран, воопшто не е вознемирен кога во неговата татковина фудбалски тим бодрен од терористички јатаци му испраќа покани со „ФЈР Македонија“, или кога воопшто не ја спомнуваат. Впрочем, тој се радува што го поканиле, да го искористат како карикатура, а тој пустиот радувајќи се дека поддржува „соживот“ и „европски вредности“ но под знамето на терористичка организација, со два прста во вис славејќи го основачот на УЧК Адем Јашари и фашистот Џемо Хаса.

Не само што со вчерашниот потег покажа дека поради нешто е до гуша задолжен кај албанските радикални структури во земјава, туку и поддршката која тој се обиде да им ја даде на „Балистите“ беше непосакувана од самите навивачи, кои го сметаа Заев за баксуз поради кој Шкендија загубила со 4:0 од белгиски Гент. Непотребно, или пак под закана за исплаќање на своите долгови Заев се изглупира до максимум, особено ако се знае дека тој ниту еднаш не се појавил да ја бодри Македонската репрезентација или пак на пример ФК „Вардар“.