дома Актуелно (Видео+Фото)НАПАДОТ ВО ИСТАНБУЛ БИЛ ТЕОРИСТИЧКИ: 30 лица повредени, двајца загинати – напаѓачите...

(Видео+Фото)НАПАДОТ ВО ИСТАНБУЛ БИЛ ТЕОРИСТИЧКИ: 30 лица повредени, двајца загинати – напаѓачите не го напуштаат клубот!

Вооружени напаѓачи маскирани како Дедо Мраз отвориле оган во ноќен клуб во Истанбул, при што двајца го загубиле животот, а околу 30 се повредени според првичните информации на локалните медиуми, кои објавија и снимки од оклопните полициски возила присутни на лице место

Нападот се случил во популарниот клуб Реина во населбата Ортакој, во општината Бешикташ во Истанбул. Како што известуваат медиумите двајца напаѓачи биле инволвирани во нападот. Напаѓачите биле облечени како Дедо Мраз и вооружени со автоматски пушки.

Напаѓачите отвориле оган врз присутните во ноќниот клуб, повредувајќи најмалку 30 лица, а две лица го загубиле животот, пренесува локалната телевизија НТВ. Еден од напаѓачите е скриен во клубот, а локацијата на вториот е непозната.


Бројот на жртви може да расте, имајќи во предвид дека во клубот се наоѓаат помеѓу 700 и 800 лица.