дома Европа (Видео) Boз пoлн co дeцa пaднa вo peкa вo Австрија – пoвpeдeни...

(Видео) Boз пoлн co дeцa пaднa вo peкa вo Австрија – пoвpeдeни 17 лицa, oвa ce дeтaлитe

На последниот училишен ден од школската година, денеска, воз со десетици деца и тинејџери излета од шините и падна во река во австриската провинција Салцбург.

Според првиот човек на регионалната служба за спасување, Антон Шилчер, во железничката несреќа 17 лица се здобиле со полесни повреди.

Несреќата се случила во близина на Кендлбрук. Вагон од регионалниот воз излета од шините и прелета околу четири метри преку насипот на реката, за странично да запре во Мура, јави ОРФ.

Шилчер додаде, дека на шините, по невремето во тој регион, имало корења или нешто слично.

Порпаролката на Црвениот крст за ДПА изјави дека повеќе од 50 патници биле деца и млади, кои патувале за местото Тамсвег. Овој град е важен училишен центар за регионот.