дома Македонија Козлова: Oтeковте со Универзална, мислам дека шyпaва од држава има побитни пpoблеми

Козлова: Oтeковте со Универзална, мислам дека шyпaва од држава има побитни пpoблеми

На извршната директорка на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, Катерина Колозова, не ѝ е јасна „драмата“ околу Универзална сала.

„Отековте со Универзална“, реагира таа на Фејсбук.

„Јас мислам дека шупава од држава има побитни проблеми“, додава професорката во дискусијата под објавата, пред да направи разлика меѓу гушкањето на Градскиот трговски центар пред обидот на претходната власт да го „преслече“ во барок и ова сега со Универзална.

„Сè живо се фетишизира. Ај ГТЦ беше одбрана на модернизмот наспроти турбофолк „класиката“ на Скопје 2014. Оваа драма што е, стварно не ми е јасно. Универзална е монтажна градба со идеја да биде привремена“, заклучува Колозова.