дома Спорт Можно е вакво сценарио? Финале на ЛШ да се игра во Њујорк

Можно е вакво сценарио? Финале на ЛШ да се игра во Њујорк

Контроверзната одлука на Примера дуелот меѓу Џирона и Барселона во рамки од 21. коло на шпанскиот шампионат, да се одигра во САД, очигледно е само вовед во глобализацијата на фудбалската игра и наводите дека уште многу големи фудбалски натпревар ќе се играат надвор од Европа.

Хаумес Рурес, извршниот директор на телевизијата „Медиапро“ од Барселона, ексклузивно открива дека во иднина едно финале од Лигата на шампионите може да се одигра во Њујорк.

„Надлежните веќе одреден период ја разгледуваат опцијата едно финале на Лигата на шампионите да се игра во САД, односно во Њујорк“, рече Рурес.

Пред десет години челните лица на Премиер лигата имаа идеја да воведат дополнително (39. коло) без резултатско значење, да се игра во САД, но тоа не се случи, благодарение на острите критики на англиската јавност и фановите.