дома Македонија ОДЛОЖЕН РАСПИТОТ НА МУКОСКИ: Поради проблеми со доставата денес се одложи распитот...

ОДЛОЖЕН РАСПИТОТ НА МУКОСКИ: Поради проблеми со доставата денес се одложи распитот на пратеникот Крсто Мукоски

Се одложи распитот на пратеникот Крсто Мукоски во Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Муксоки не беше спроведен од затворот во Шутка и распитот е одложен поради технички проблем со доставата.

Мукоски за прв пат требаше да биде сослушан од отворањето на истрагата за настаните што се случија во Собранието на 27 април.

Мукоски и пратениците Сашо Васлевски и Љубен Арнаудов се осомничени за настаните во Собранието и се наоѓаат во пртивор, додека на пратеничката Жаклина Пешевска и беа одредени мерки за претпазливост, а пратениците Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски се во куќен притвор.

Тие заедно со над триесет други лица се осомничени за терористичко згрозување на уставниот поредок и безбедноста.