дома Политика ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА ПРЕД РЕФЕРЕНДУМ: Бујар Османи најави 125 вработувања во државни институции...

ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА ПРЕД РЕФЕРЕНДУМ: Бујар Османи најави 125 вработувања во државни институции пред најавениот референдум

Вицепремиерот Бујар Османи на својот Фејсбук профил сподели објави од огласи за тоа каде сѐ има отворени работни места и ќе се реализираат вработувања. Вработувањата доаѓаат во период пред одржување на референдумот за промена на името, а експертите сметаат дека се работи за еден вид на агитација кај граѓаните да излезат и да гласаат на истиот

Тој сподели објави за огласи за вработување во АРМ, министерства и други државни институции. Се работи за 125 места во АРМ, 3 во МОН, 34 во Централен регистар, 8 во Влада, 9 во Државен архив, 22 места во Завод за статистика и во други Осдржавни институции. Огласите деновиве се објавени и во медиумите.