дома Хроника ПОРАНЕШНИОТ СОПРУГ МОЖЕН СТОРИТЕЛ: Родителите чии дечиња изгореа во страотен пожар имале...

ПОРАНЕШНИОТ СОПРУГ МОЖЕН СТОРИТЕЛ: Родителите чии дечиња изгореа во страотен пожар имале проблеми со поранешниот сопруг на мајката

Родителите на трите дечиња кои вчера изгореа во страотен пожар во нивниот дом во Велес, уште минатата година се обратиле до Центарот за социјална работа во Велес и побарале кров над главата. Таткото поднел барање до комисијата за станбени прашања минатата година, но наводно биле одбиени бидејќи тој имал имот од неговата мајка, јавува Фокус.

Азиза Буши, директорка на Центарот за социјални работи Велес, потврдила дека семејството имало проблем со сместувањето.

– Уште лани родителите бараа помош од нас, бидејќи сакаа да се преселат од тогашното живеалиште во социјален стан. Ни кажаа дека имале проблеми со поранешниот сопруг на Марина. Ние им доделивме еднократна парична помош, а тие користат социјална помош од некаде кон крајот на минатата година. Информирани сме дека поднеле барање до комисијата за станбени прашања, но таткото ни кажа дека биле одбиени оти имал некој наследен имот од неговата мајка која е почината. Им понудивме помош во храна, во народната кујна, но одбија, ни кажаа дека сакаат единствено кров над главата, раскажaлa Буши.