дома Хроника Пpивeдeн мaлoлeтник од Скопје – ce oбидeл дa yкpaдe нaкит oд 65-гoдишнo...

Пpивeдeн мaлoлeтник од Скопје – ce oбидeл дa yкpaдe нaкит oд 65-гoдишнo лицe

На 03.10.2021 во центарот на Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што на ул.„Максим Горки” со употреба на сила се обидел да одземе накит од вратот на Л.Н.(65) од Скопје.

Малолетникот бил предаден на родителите, а за настанот бил известен Јавен обвинител за малолетници.

По целосно документирање на случајот против родителите на малолетникот ќе биде поднесена пријава по член 201 од Кривичниот законик, додека против малолетникот ќе биде поднесено известување до Основното јавно обвинителство за сторено кривично дело по член 236 во врска со член 19 од Кривичниот законик.