дома Македонија ТАРАВАРИ ОТКРИВА:Заев во 2016 вети дека албанскиот јазик ќе биде уставна категорија...

ТАРАВАРИ ОТКРИВА:Заев во 2016 вети дека албанскиот јазик ќе биде уставна категорија и доби повеќе албански гласови од нас

Арбен Таравари од Алијансата на Албанците во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека тие ќе се обидат да ги убедат пратениците да ги поддржат и нивните амандмани за албанските прашања.

-Албанскиот јазик да не биде поинаков од македонскиот, со процентите. Минирање на процесот е амнестија, а не нашите барања. Не е табу да збориме дека албанскиот јазик да биде уставна категорија. Ќе се обидеме и пратениците на СДСМ и ДУИ. Ќе се обидеме во Парламентот да ги убедиме пратениците. Ние никогаш не сме условувале. Мислиме дека ова е моментот кога можеме да ги убедиме пратениците да ги направат овие промени.
И Заев во 2016 година вети дека албанскиот јазик ќе биде уставна категорија и доби повеќе албански гласови од нас. Мислам дека и кај СДСМ и кај ДУИ има добра волја да ги прифатат нашите амандмани, рече Таравари.