дома Социјални Мрежи MY NOTES: Најновата функција на Viber

MY NOTES: Најновата функција на Viber

Rakuten Viber, една од водечките апликации за размена на пораки во светот, денес го најави глобалното претставување на својата најнова функција My Notes, соопшти компанијата.

My Notes е нов регистар во прегледот на разговори на корисникот кој помага во сортирање списоци на обврски, фотографии, потсетници и многу повеќе – на едно место.

Како што се наведува, ова дигитално решение ќе овозможи да:

Создава список на претстојни обврски, кои можат да се штиклираат кога ќе бидат решени,

Зачува омилени пораки, видеа или фотографии на едно место,

Синхронизира податоци помеѓу било кој уред (како мобилен телефон, десктоп компјутер, таблет, итн.)

Закаже потсетници за најважните белешки (наскоро во функција).

Rakuten Viber е дел од Rakuten Inc., глобален лидер во електронската трговија и финансиските услуги.