АЕРОДРОМ КАКО СЦЕНА ЗА ПОСТ АПОКАЛИПТИЧЕН ФИЛМ: Расфрлано ѓубре, преполни контејнери, запуштени паркови и улици…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Општина Аеродром долго време важеше како една од најубавите и најмодерните општини на територија на Град Скопје како и општо во Македонија. Нејзината убавина е благодарение што таа е една од најновите општини во Скопје и е единствена која е плански градена и нејзиниот развој и ширење е веќе испланирано.

Сега во општина Аеродром може да се забележат слики кои налик оние во некој пост апокалиптичен холивудски филм. Новиот градоначалник Златко Марин за само шест месеци ја покажа својата апсолутна неспособност да се справи со проблемите во општината и не само проблемите туку и најосновните функции кои ги имаат општинските служби како на пример редовно празнење на контејнерите. Контејнерите за ѓубре ширум општината се преполни, а граѓаните немајќи каде да се ослободат од ѓубрето го фрлаат околу контејнерите на улиците и тротоарите.

Во својата програма новиот градоначалник Златко Марин од СДСМ предвидуваше поставување вкопани контејнери и контејнери за селектирање отпад проект кој што беше директно превземен од програмата на екс градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. Марин покрај ,,живот’’ ветуваше и редовно собирање на отпадот околу поставените контејнери и редовно собирање и транспортирање на отпадот од контејнерите до комуналната депонија како и поставува и чистење на канти за отпадоци. Марин вети и континуирано одржување на хигиената на јавните површини( метење и миење) како и редовно расчистување, косење, полевање и отстранување секаков шут од зелените површини.

Граѓаните се излажани ништо од ова не е реалност јавните површини се пренатрупани со смет, а постои и сериозно опасност од ширење на заразни болести.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This