March 19, 2024, 12:40 pm

Хари Мата Хари запеа заедно со Сергеј, Дарио, Ѓоко Танески и Димитар Андоновски: Емотивен концерт во Битола

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Привилегија е да се слушаат Хари Мата Хари и Сергеј Ќетковиќ како ја пеат „Битола мој роден крај“ пред расположени битолчани, полно ракометно игралиште, придружувани од Битолскиот камерен оркестар.

Уште поголем мерак е што со Хари и со Сергеј, безвременската песна за Битола заедно ја испеаја со Димитар Андоновски, (на домашен терен) Дарио и Ѓоко Танески. Машката петорка настапи на крајот од концертот наречен Поп-симфонија кој од почеток до крај беше убава приказна. Концертот беше дел од тридневниот фестивал Балкан гала.

Моќно, како што секогаш знае, го отвори Мијата со својот голем хит „Верувам во себе“ и „Моја гитара“. Поп-симфонијата ја разубави и настапот на Елена Ристеска, која битолчани топло ја пречекаа, а Елена им возврати со енергичен настап. Ѓоко Танески испеа два свои хита, „Расцветај“ и „Никогаш доста“, но пред крајот, мераклиски со колегата Димитар Андоновски за секоја пофалба беше нивната изведба на „Ако одам во Битола“.

Димитар пак, среќен што пее пред своите битолчани, се прекрсти пред да излезе на сцена, доби заслужени овации од своите, и на крајот пеејќи ја песната за Битола беше водечки вокал, како домаќин.

Дарио не е Дарио без „Дупла вотка“, песна која ја знее и ја сака и старо и младо, како и „Нека биде што биде“. „Битола, не сме се виделе 20 години“, им рече Дарио на битолчани, а приказна за неговото доаѓање во овој град раскажа и Хари Мата Хари.

-Кога бев пионер, мојот прв настап беше во Битола, со гитарата. Оттогаш, имам дојдено овде 20 пати“, изјави Хари. За крај, тој ја остави „Прстен и златни ланац“ за сите да заиграат со него. Хари Варешановиќ како да не старее, времето за него како да стои.

Црногорецот Сергеј Ќетковиќ е за првпат во Битола, и беше топло пречекан од публиката, особено кога со многу емоции ја испеа „Тајно моја“ од Тоше Проески.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This