March 19, 2024, 11:41 am

Гир: Македонија и Бугарија треба да ги продолжат напорите за решавање на ова билатерално прашање

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Сите би сакале да видиме отворање на преговорите што е можно поскоро, тоа е итно прашање. Сѐ уште не сме дојдени до таму, треба да продолжиме да работиме кон таа цел и за да се постигне, но прво земјите-членки треба да се согласат за преговарачката рамка, а Македонија и Бугарија треба да ги продолжат напорите за решавање на ова билатерално прашање на заемно прифатлив начин“, вели евроамбасадорот Дејвид Гир во интервју за МКД.мк.

Според него, реформите во земјата се главен приоритет, а за тоа треба силно лидерство од властите.

На прашање за тоа дали бил изненаден или можеби разочаран од исходот на Советот во однос на евроинтеграцијата на Македонија, Гир во интервјуто посочува дека имало разочарување затоа што нема напредок веднаш.

„Мислам дека има многу позитивни пораки за обичните граѓани во заклучоците на Советот. Првата порака е дека проширувањето е приоритет за Европската Унија. Тоа е порака што е повторена во многу прилики од лидери на ЕУ есенва и испраќа важен сигнал за нашата посветеност и ангажман за агендата на проширување. Втората порака за која мислам дека луѓето се заинтересирани е прашањето на реформите. Луѓето сакаат да видат дека реформите напредуваат како начин на приближување до Унијата. Исто така, заклучоците за проширувањето содржат многу делови за определбата на Македонија да прави реформи, но и за тоа што уште треба да се направи.

Но во право сте, што се однесува на преговарачката рамка, сите би сакале да видиме отворање на преговорите што е можно поскоро, тоа е итно прашање. Сѐ уште не сме дојдени до таму, треба да продолжиме да работиме кон таа цел и за да се постигне, треба да се направат две работи. Прво во Брисел земјите-членки треба да се согласат за преговарачката рамка, што е навистина документ што утврдува како ќе течат преговорите. Во исто време, Македонија и Бугарија треба да ги продолжат напорите за решавање на ова билатерално прашање на заемно прифатлив начин“, вели Гир.

Целото интервју со евроамбасадорот можете да го прочитате ТУКА!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This