Д-р Беќаровски за Омикрон: Шансите да завршите во болница се околу 80% помали

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите релевантни и независни укажувања сугерираат дека омикрон е со многу поблаги симптоми и шансите да завршите во болница се околу 80% помали, од моментално доминантната делата варијанта во Македонија, пишува во својата Фејсбук објава др.Нико Беќаровски.

-А ЗОШТО СЕ КРЕВА ТОЛКАВА ПРАШИНА И ВЛЕВА СТРАВ ???

Ако во моментов Ние имаме околу 500 новозаразени дневно, кои нашиот здравствен систем успешно ги апсорбира, тоа би значело дека од омикрон варијантата, здравствениот систем успешно би апсорбирал и до 4000 новозаразени, бидејќи заболените воглавно би лежеле дома.

КАДЕ Е ТОГАШ ПРОБЛЕМОТ ???

Ако просечното траење на Ковид-19 е околу 10 дена, тоа значи дека СЕКОЈ ДЕН во подолг временски период би имале околу 40.000 АКТИВНИ СЛУЧАИ, што мора да се согласиме дека може да создаде сериозни економски импликации и ГОЛЕМ БРОЈ НА ОТСУТНИ РАБОТНИЦИ од своите работни места.Токму затоа, поради сериозните импликации врз бизнисот е големата паника која владее во ЕУ и САД, од Omicron-чето.Човекот во западната цивилизација, оддамна ја изгуби битката со неговото височество профит, напиша Беќаровски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This