Александар Николоски на средби во Париз во француското МНР, Собрание, Сенат и Совет на Европа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски престојува во посета на Париз Франција, каде ќе оствари бројни средби.

Како Претседател на групата за соработка на Македонија и Франција ќе се сретне со Силван Гиоге заменик директор за Европски прашања на МНР на Франција, како и со Бертранд Сор пратеник во Француското Собрание и Претседател на групата за соработка Франција – Македонија.

Во рамки на посетата Александар Николоски ќе учествува во работата на ПС на Совет на Европа на Комисијата за правни прашања и човекови права и Комисијата за демократија и политички систем.

Николоски ќе оствари средби и со француски стопанственици на кои ќе ги претстави можностите за инвестирање во Македонија.

На средбите Николоски ќе ги запознае соговорниците за политичките состојби, резултатите од локалните избори, состојбата со растечката корупција и економската криза како и потребните промени.

Николоски ќе побара Македонија да отпочне преговори со ЕУ затоа што тоа го заслужуваат граѓаните на Македонија.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This