Алијанса за Албанците/Алтернатива: Дождот ги изнесе на виделина валканите работи на градоначалниците на ДУИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Врнежите од дожд што ја зафатија нашата земја во последните денови, уште еднаш го потврдија неуспехот на ДУИ. И после толку години владеење, општините управувани од градоначалниците на ДУИ, не изгледаат како нормални места за живеење, бидејќи се занемарени во секоја насока. Во 2021 година сме и се уште да се зборува за суштински проблеми, за уништени улици кои на лидерите на ДУИ им беа доволни сите овие години на влада да ги поправат, доволно зборува за нивото на раководството на ДУИ, и пред се е срам и беда.
Само во изборни кампањи, ДУИ ги посетува жителите на овие општини, го јаде срамот и оди и бара гласови од жителите, постојано ги повторуваат истите празни ветувања кои со години, злоупотребајќи ја довербата на народот, никогаш не ги реализирале и жителите на овие општини ги оставаат во заборав и на милост на судбината. Јавно ги прашуваме лидерите на ДУИ: Зарем воопшто не се срамите од себе и од народот кога чекорите по оние улици кои пред вашето лице го отсликуваат еден од многуте ваши неуспеси?
Но, 17 -ти октомври ќе биде денот кога овие неуспеси ќе се претворат во вашата најголема казна. Затоа што народот те ценува, и народот казнува. 17 октомври што е толку близу, ќе се претвори во вашиот најголем кошмар, но, исто така, ќе биде и денот на ослободување на овој народ од оваа ваша трајна узурпација, затоа што управувањето ќе ја преземеме ние што знаеме да ја цениме довербата дадена од народот, како што докажавме во општините каде што управува коалицијата АА-ААА, каде направивме за 4 години, она што ДУИ не може да го направи веќе 20 години

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This