„Алјаска ерлајнс“ ги мотивира вработените да се вакцинираат со награда од 200 долари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Алјаска ерлајнс“ обезбедува бонус од 200 долари за вработените што се целосно вакцинирани против коронавирусот.

Неодамна авиокомпанијата со седиште во Сиетл објави дека вработените што ќе достават доказ до 15 октомври ќе бидат наградени со бонус. Целта на наградата е да се поттикне што е можно повеќе вработени да се вакцинираат.

Авиокомпанијата, исто така, донесе одлука дека повеќе нема да ги покрива платите за невакцинираните вработени за секое отсуство предизвикано од контакт со вирусот или инфекција.

Оние што не се вакцинирани, исто така, ќе мора да присуствуваат на „Програма за едукација за вакцини“, додека „протоколот за тестирање“ ќе биде воведен како „уште еден слој на безбедност“.

Во меѓувреме, секој нов вработен што ѝ се придружува на компанијата „Алјаска ерлајнс“ и на нејзината подружница „Хоризонт ејр“ мора целосно да се вакцинира пред да започне со работа, соопшти авиокомпанијата.

Околу 75 отсто од 20.000 вработени се веќе вакцинирани, според авиокомпанијата, која вели дека има доста работа кога станува збор за зголемување на стапката на вакцинација кај работниците.

Овој потег доаѓа откако „Јунајтед ерлајнс“ стана првата голема американска авиокомпанија што воведе задолжителна вакцинација на вработените минатиот месец.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This