АНЃУШЕВ ЈА НAПУШТА ВЛАДАТА: Вицепремиерот за економски прашања денеска ќе се повлече од функција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Досегашниот вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев денеска ја напушта владата. Неговото место треба да го заземе досегашната министерка за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Анѓушев своето повлекување од функцијата го најави уште минатата година по закажување на предвремените парламентарни избори. Тој тогаш објасни дека неговата оставка ќе биде реализирана, без оглед на исходот од најавените предвремени избори.

Досегашниот вицепремиер за економски прашања пред неколу месеци откри дека одлуката за оставка ја донел поради тоа што профитот во неговите компании рапидно опаднал откако тој станал вицепремиер. Анѓушев тогаш истакна дека сака да се посвети на своите бизниси.

Како што изјави Анѓушев, една од причините за неговото заминување е и тоа што неговите „најчесни намери да и помогне на државата не биле секогаш најдобро прифатени од граѓаните“.

Кога прифатив да бидам дел од Владата моите намери беа најчесни, со знаењето што го имав стекнато, да и помогнам на државата. Но, за овој период приходите во моите компании опaднаа, а и профитите, некаде и до 50 отсто. Тоа е и заради моето отсуство. Ќе си го доработам мандатот, но бидејќи не сум член на ниедна партија, нема да продолжам со политиката – најави во таа прилика Анѓушев.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This