АРОГАНЦИЈАТА НА ЈОХАНЕС ХАН ПРЕДИЗВИКА БУРА НА РЕАКЦИИ: Европратеникот Милан Звер го повика Хан и ЕК да започнат истрага во Македонија против политичките притисоци врз судот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Арогантното однесување на еврокомесарот Јоханес Хан, кој одлучи да го злуопотреби официјалниот Твитер профил преку кој би требало да ги соопштува официјалните ставови на Евроската Унија, предизвика низа на реакции во земјите членки на унијата

 

 

Еврокомесарот Јоханес Хан предизвика вистинска бура од реакции од владини претставници на Унгарија, но и од низа на европарламентарци, кои бараат одговорност од комесарот за неговото арогантно однесување кон шефот на Унгарија, од кого, како што напиша Јоханес Хан ќе барал „добро објаснување“ за давањето на азил во случајот со Никола Груевски, ставајќи се над легално избраните власти во земјата.

Прв му одговори државниот секретар за надворешни работи на Унгарија, кој како објаснување на Хан му го понуди извештајот за владеење на правото во Македонија потпишан токму од Јоханес Хан, во кој е констатирана катастрофалната состојба во која се наоѓа македонското правосудство, а под владеењето на СДСМ се детектирани брутални прекршувања на независноста на судовите.

Реагираше и европарламентарецот Милан Звер од Словенија, кој го упати Јоханес Хан одговорноста да ја бара кај Зоран Заев и неговата влада, како и да започне со истрага во Македонија на основа на констатираните повреди на човековите права во азилот издаден од Унгарија за Никола Груевски, во кој е забележана суштинска повреда на човековите права и нарушување на независноста на судството.

Звер ја повика Европската Комисија да спроведе истрага, а како што пишува, изненаден што веќе ЕК не започнала истрага за нарушување на независноста на судството во корист на политичкиот прогон против Груевски. Факт кој е констатиран и во азилот издаден во Унгарија.

Земјите членки на Европската Унија се подготвуваат за Европарламентарните избори следната година на кои се очекува актуелната евробирократија да загуби со драстична разлика.

 

 

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This