АСАНЖ ЌЕ ОДИ КУРБАН?: Еквадор го предава Асанж на Обединетото Кралство?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Еквадор Ленин Морено не планира да се сретне со основачот на “Викиликс” Џулијан Асанж, кој престојува во Амбасадата на Еквадор во Лондон, за време на претстојната посета на Велика Британија, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Еквадор.

Извор близок извор до Министерството за надворешни работи и канцеларијата на претседателот потврди дека Морено е блиску до одлуката, ако веќе не ја донел, за екстрадиција на Асанж во Велика Британија во текот на следните неколку недели, пренесува “Интерсепт”.

Одземањето на азилот и неговото протерување може да се случи оваа недела.

Според заменик-министерот за надворешни работи на Еквадор, Андрес Теран, во Лондон во моментов се преговара за иднината на Асанж, но учеството на претседателот Морена во преговорите не е потврдено.

Главната и одговорна уредничка на ТВ РТ и агенцијата “Русија Севдоња” Маргарита Симонијан напиша на својот Твитер профил дека владата на Еквадор планира да го предаде основачот на “Викиликс”, на британските власти. Таа додаде дека како никогаш порано сака добиените информации да се неточни.

Асанж е повеќе од пет години во Амбасадата на Еквадор во британскиот главен град, откако Еквадор му додели азил за да се избегне екстрадиција во Шведска во врска со обвинувањата за поло напад и можноста потоа да биде префрлен во САД каде се води истрага против него поради информациите објавени од страна на “Викиликс “.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This