„АУДИ Q7“ ИЗВЛЕЧЕНО ОД КАЛИМАНЦИ: Му го украле скапиот џип и го фрлиле во езеро

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

МВР информира дека пред два дена М.Н. (44) од Виница пријавил дека во периодот од 22.00 часот на 23.04.2018 до 11.00 часот на 24.04.2018 година од страна на непознат сторител му било одземено патничко возило „Аudi Q7“ со швајцарска национална ознака, кое било паркирано на ул. „Ангел Винички“ во Виница.

Истиот ден во 18.30 часот во Полициското одделение Македонска Каменица, Б.М. (39) од Македонска Каменица пријавил дека во близина на „Рибнички мост“ на место викано „Буришјето“, атар на с.Илиово, делчевско, на земјениот пат забележал траги од возило кои воделе кон браната „Калиманци“.

-Полициски службеници излегле на лице место при што биле пронајдени две пластики кои припаѓале на патничко возило „Аudi Q7“. На 26.04.2018 година околу 11.00 часот од страна на тим нуркачи од Единицата за специјални задачи било извршено пребарување во браната „Калиманци“ при што на длабочина од 18 метри било пронајдено возилото, кое денеска беше извлечено од браната, информираат од МВР.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This