АХМЕТИ ГИ СОБРА СВОИТЕ И ПОЧНА СО КАМПАЊА: ДУИ се подготвува за локални избори и почна да го уценува Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како што најави пред неколку дена лидерот на ДУИ, Али Ахмети, започнува со разговорите за имплементација на „Тиранската платформа“ без чие спроведување тој ќе претрпи дебакл на локалните избори.

На денешната работна средба со лидерите на албанските парламентарни партии Ахмети како организатор ќе иницира план за „спроведувањето на програмските определби“ односно заедничка стратегија за прифаќање на делови од платформата потпишана во Тирана.

Прв чекор на албанските партии треба да биде законот за албанскиот јазик кој уште наредната недела би требало да се најде во Собранието. Ахмети очекува СДСМ да остане на своите ставови за усвојување на законот со кој, што како што бараат ДУИ, БЕСА и Алијансата на Албанците, албанскиот јазик треба да стане официјален на цела територија на Македонија.

Доколку сепак под притисок на намален рејтинг поради кој СДСМ може да загуби неколку големи градови на локалните избори, не дојде до договор во владината коалиција, извори во албанските партии најавуваат свое сценарио.

Тие се надеваат дека ќе нема потреба од било какви тензии затоа што Албанскиот јазик нема да наруши ниту едно право на Македонците или други заедници но доколку биде неопходно ДУИ и другите партии ќе реагираат пред се во интерес на својот електорат. Засега не се открива дали во игра е и напуштање на коалицијата, што не се исклучува но сепак мала е веројатноста за тоа, пред се затоа што според анализата на советниците на ДУИ во таков случај ВМРО – ДПМНЕ би можело да ја оствари најавата за малцинска поддршка за СДСМ и владата би можела да функционира до нови избори.

Она што е извесно за ДУИ е дека тие не смеат да останат во владата до локалните избори доколку пред албанскиот електорат не се појават со закон за албански јазик или некој друга поголема етничка придобивка.

Според анализите на партијата без конкретни остварувања ДУИ би можела да се изедначи со БЕСА и да ги загуби Чаир, Тетово, Струга и Гостивар каде што најверојатно ќе дојде до коалиција меѓу Алијансата, БЕСА и неколку други помали партии на Албанците. На последната координативна средба на партиите на Албанците не присуствуваше БЕСА која што смета дека криминогените кадри на ДУИ немаат реформски капацитет за промена на земјата и на позицијата на Албанците во Македонија.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This