БАЛКАНОТ СЕ ПРИПPEMA ЗА ЕПИДEMИJA: Почна бopбата со kopoнавиpyсот во соседството

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турција затвора граници, Грција ги активира сите стручни лица во здравството, а Македонија сега набавува сапуни.


Антибактериските сапуни ќе бидат наменети за во училиштата, меѓутоа тие во борбата со вирусот Ковид-19, се чувствуваат напуштени од министерот за образование, откако тој им порача да не се потпираат на буџетот на министерството затоа што си имаат свои.

„ И основните и средните училишта си се финансираат преку општините, а доволно средства има и за плати и за обезбедување средства за хигиена“, изјави Арбер Адеми-Министер за образование.

Одлуката за итна мерка-набавка на заштитни средства падна пред 2 дена со што Владата му наложи на Министерството за здравство итно да набави соодветна количина сапун и дезинфекциски средства за училиштата, детските градинки и јавните тоалети.

Други мерки на Владата се одложување на екскурзии во сите училишта, како и организирање едукативни часови за превенција од вирусот.

Во меѓувреме кај нашиот јужен сосед каде досега се регистрирани 3 случаи на вирусот, откажани се сите манифестации. Кај нас иако има заразен пациент засега нема никакви ограничувања на јавни собири.

Спасовски последно изјави дека најважно е што сите државни служби се подготвни да реагираат и дека нема причина за паника.

Засега не постои лек или вакцина против овој смртоносен вирус, светските гиганти САД и Кина започнаа со тестирања на потенцијален лек врз луѓе.

Поранешниот министер за здравство смета дека најголената борба ќе следи откако ќе излезе вакцината, според него ќе настане трка помеѓу малите и големите земји за набавка на лекот, а факт е дека огромни количини ќе заминат кај големите држави.

На светско ниво има 81.104 случаи со коронавирусот, додека на Балканот, каде има повеќе од 40 милиони жители досега се регистрирани повеќе од 5 заразени со новиот корона вирус, регистрирани смртни случаи нема.

Latest News

Play Baccarat Online and Win Prizes at go88 – [088.Casino]

Are you looking for a thrilling and exciting way to spend your free time? Look no further than go88...

More Articles Like This