БЕЗ СТРУЈА НЕКОЛКУ СКОПСКИ ОПШТИНИ: Поради технички зафати утре без струја делови од ентар, Ѓорче Петров, Зелениково и Бутел

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заради технички зафати во електродистрибутивната мрежа утре без струја ќе бидат делови од Центар, Ѓорче Петров, Зелениково и Бутел.

Од 12:30 до 15 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата Париска од бр. 3 до бр.19, улицата Варшавска бр.5 и бр. 7 и улицата Прашка од бр.1 до бр.40 во Карпош, а од 9 до 15 часот корисниците од улицата Ганчо Хаџи Панзов во Центар.

Од 9 до 11:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата Борис Сарафов зграда 87, ул.Македонска Преродба од бр.76 до бр.102, ул.Арсениј Јовков од бр. 81 до бр. 101 и ул.Борис Сарафов од 51 до 80 во Ѓорче Петров, а од 08:45 до 16 часот станицата во Зелениково и селата Градовци, Тисовица, Дејковец, Добрино, Пакошево, Страхојадица и Смесница, како и корисниците од Ново Село и ЖТП Кадина Река.

Утре од 8 до 8:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат и ТС Хисар Туризам, ТС МАК КАБ и ТС Еуротехника, ТС Алма М,ТС БЛИВ,ТС ИГМ Вратница, ТС Слободанка, а од 8 до 15 часот фирмите Датапонс, Кватра Нет и Кафе Вединг.

Регионалниот центар за управување со кризи информира дека прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има и во петок и тоа од 9 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од бул.Борис Трајковски подулица 7 околу складот на „Макпетрол“ во Кисела Вода, а 9 до 12 часот, корисниците од дел од улицата Коле Неделковски и Теодосиј Гологанов. Во периодот од 9 до 15 часот, без струја ќе останат и корисниците од селото Волково односно ул.81, ул.87, ул.89 и околните споредни улици во Ѓорче Петров, додека од 9 до 11:30 часот, корисниците од „Вардар мебел“ на ул.Ѓорче Петров, ул.Вера Циривири Трена од бр. 7 до бр.58, ул.Штросмаерова. ул.Никола Вукмировиќ од бр. 3 до бр.52, ул.Ѓорче Петров згр. 60. во Ѓорче Петров. Од 12:30 до 15 часот без струја ќе бидат и корисниците од ул.Џоле Стојчев згр.5, ул.Вич згр.18, 20 и 22, ул.Разловечко Востание згр 5, 22 и 24 во Карпош, а од 11 до 13 часот, корисниците од ул.Ернест Телман (опш. Аеродром).

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This