„БОМБА“ ПАДНА ОД БЕРОВО: Граѓани објавија „бомба“ за партискиот штаб на СДС во Берово!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Порталот „Инфоплус.мк“ пренесува реакција од група загрижени граѓани на митингот на СДСМ во Берово и кажаното од страна на кандидатот за градоначалник Звонко Пекевски за долгот поради кој е блокирана сметката на Општина Берово.

Текстот ви го пренесуваме интегрално:

Иако, не сакавме да се впуштаме во никакви објаснувања и докажувања околу работи што се случувале во минатото во општина Берово, односно во оваа кампања да се фокусираме на иднината и на новата ера која ќе дојде во Македонија после овие избори, приморани сме да одговориме на крајно некоректните прозивки и кажаните невистини од страна на кандидатот за градоначалник од СДСМ во Берово, Звонко Пекевски, на одржаниот митинг минатиот петок и покрај потпишаниот кодекс за фер изборна кампања.

Имено, беше кажано дека досегашниот градоначалник ја задолжил општината и ја остава со блокирана сметка за повеќе од 30.000.000,00 (триесетмилиони) денари (за полесно повеќе од 500.000,00 ЕВРА). Меѓутоа кандидатот Пекевски. Иако му е многу добро познато, како на вработен во Општина Берово и тоа директно во секторот кој ги врши плаќањата, кандидатот овој долг се обиде на најперфиден начин да го претстави како долг кој го има направено сеуште актуелното раководство на Општината. Но, за негова жал вистината е сосема поинаква, па во оваа реакција со комплетна документација ќе му покажеме на граѓанството во општината дека станува збор за долг кој е направен по склучен Договор уште во далечната 1995 година помеѓу Фондот за комуналии при општината, претставувано од тогашниот претседател на Собранието и ГП ПЕЛАГОНИЈА, претставувана од тогашниот директор. На беровци им е добро познато кој се раководи во тоа време со овие правни субјекти, меѓутоа за оние помладите и оние кои малку подзаборавиле едно потсетување.

И така тогашните главешини и компањони од СДСМ во општината започнале со овој проект за водоснабдување во општината кој се ,,реализирал,, повеќе години во етапи. Се менувале градоначалници во Општина Берово (сите од СДСМ) нешто се градело, се менувале цените за изведените работи, секако без анекс кон основниот договор и без никаква пропратна документација која мора да постои за ваков вид на градежни работи, за конечата цена да биде зголемена за дури 45,5 %, односно наместо договорената 48,954,229,00 денари, на крајот општината требало да плати 71.249.441,00 денари. Ова ,,чесно,, работење на сдсмовските кадри кои им се нудат на граѓаните на Берово, нивната стручност и компетентност најдобро можат да се видат во Мислењето (вештачењето) изготвено од Бирото за судски вештачења при министерството за правда на РМ. Во него вештите лица во целост објаснуваат како работеле овие ,,стручњаци,, за водење на локална самоуправа.

Бидејќи на крајот од изведувањето на долгогодишните градежни работи, ГП Пелагонија не ги довршила во целост договорените работи, односно не го завршила потегот од Будинарци до Митрашинци, а за тоа испоставила до Општината за плаќање повеќе времени ситуации кои тогашните градоначалници не ги платиле, АДГ ПЕЛАГОНИЈА на 12.11.2003 година поднесува тужба за долг од тогашни 14.879.284,00 денари.

На вака добиената тужба, иако истата не била против Општина Берово, туку против тогашниот Фонд за комуналии кој бил посебен правен субјект со закаснување од една година по поднесувањето, одговор на тужбата дал тогашниот Градоначалник и во одговорот ги објаснил сите маани на изведените работи, сомневањето во вистинитоста на побарувањата од страна на АДГ Пелагонија, како и тоа дека работите останале незавршени. Така, од само на кадрите на СДСМ познати причини, наместо да ја врати тужбата која била наменета за друг правен субјект со образложение за тоа до судот, истиот, иако тужбата не била против општината се впуштил во расправа по неа.

По ова следува долгогодишен судски процес во кој Општината е застапувана од адвокат А.Т. од Скопје по потекло од Берово, внука на исто така поранешен висок функционер од партијата претходничка на СДСМ. Се оджале безброј рочишта, некои се одлагале од разно-разни причини и така предметот се ,,влечкал,, се до крајот на 2009 година, кога по доаѓањето на сегашниот Градоначалник на Берово, одеднаш работите во судот се интензивираат и се носи првостепена пресуда со која Општина Берово се задолжува да и плати на АДГ Пелагонија 14.886.884.00 денари со камати (или пресметано со камати тој износ денес би изнесувал повеќе од 1.100.000,00 еден милион и сто илјади ЕВРА).

По доаѓањето на градоначалникот Наџински, истиот го промени правниот тим кој дотогаш ја застапувал Општината и со огромна посветеност и залагање на новиот правен тим кој изготвува и поднесува жалба против првостепената пресуда, на 27.10.2011 година Апелациониот суд во Скопје, носи Решение со кое ја укинал првостепената пресуда и предметот го вратил на повторно судење со прецизни насоки каде е направен пропуст во одлучувањето првиот пат. При тоа Апелациониот суд констатира дека е нејасно кој се јавува како тужена страна, дали општина Берово или Фондот за комуналии, па му наложил на понискиот суд при повторното одлучување да утврди точно за кој станува збор.

По ова предметот повторно беше вратен на одлучување во Основниот суд Скопје 2 Скопје, кај истиот судија по што започна долга правна битка која заврши со правосилна и извршна пресуда на почетокот на 2017 година. Имено на 30.05.2014 година е донесена пресуда со која делумно е усвоено тужбеното барање на АДГ ПЕЛАГОНИЈА и им е досуден износ од 7.941.550,00 денари (за разлика од првата пресуда кога овој износ беше 14.886.884,00 денари) што значи дека правниот тим заедно со актуелниот Градоначалник успеа после долгогодишна правна битка истиот да го преполови, па така сега општина Берово, благодарение на претходните ,,стручни,, кадри е блокирана за околу 30.000.000,00 денари (односно повеќе од 500.000,00 ЕВРА, наместо за првично досудените над 1.000.000,00 ЕВРА).

Како што напоменавме претходно по донесувањето на новата второстепена пресуда на 30.05.2014 година, правниот тим кој постапуваше по предметот заедно со актуелниот Градоначалник ги прзема сите ,,возможни и невозможни,, правни дејствија: поднесена е жалба до Апелациониот суд, Барања за дополнување на пресуда, Барање за прекин на постапката поради во меѓувреме отворената стечајна постапка над АДГ Пелагонија, беше изјавена Ревизија до Врховниот суд на РМ итн. На крајот сепак пресудата од 30.05.2014 година на почетокот на оваа 2017 година стана правосилна и извршна по што Општина Берово е блокирана од Извршител за овој долг наследен од целокупното раководство на СДСМ во Берово, коешто сеуште е активно во оваа партија и денес му се нуди на Берово како ,,стручен,, кадар од економија, финансии и право кој ќе ја ,,оправа,, и домаќински ќе управува со општината.

Колку се чесни и колку се стручни СДСМ во своето работење, почитувани граѓани на општина Берово јасно можевте да видите од претходно прикажаната документација. Подлоста со која кандидатот на СДСМ се обиде на одржаниот митинг на оваа партија во Берово, сопственото незаконито работење и огромниот долг поради тоа во Општината, да ги прикаже како долг направен од сегашното раководство, зборува за тоа каков кадар му се нуди на Берово за овие избори.

Господа од СДСМ, сакаме да ви порачаме дека граѓаните на општина Берово се паметни и интелигентни луѓе кои низ годините ги научија сите ваши ,,финти и подметнувања,,. Можеби малку подзаборавија со кого си имале работа во минатото, па затоа еве овде ги потсетивме. Господинот Звонко Пекевски исто така како долгогодишен вработен во општината ,,(искусен кадар како што кажа неговиот лидер Заев),, многу добро е запознаен со сите случувања кои и претходеа на блокирањето на сметката, а во голем дел од истите како раководител на секторот за финансии при општината има и учествувано.

Господине Пекевски и покрај потпишаниот кодекс игравте нечесно и на крајот иако сакавте да дадете гол со пета, самиот си дадовте ,,гол со глава,, – што би рекол еден ваш поранешен лидер, а тоа најдобро ќе ви го потврди народот на 15 Октомври, особено затоа што се обидовте истиот бесрамно да го излажевте. Знаеме дека лажењето е секојдневно хоби на вашиот лидер, меѓутоа не очекувавме такво нешто од вас во оваа кампања со што само потврдивте дека во вас само привидно се крие лажна скромност и наводна чесност и стручност во работењето. Впрочем со овие документи граѓаните сами ќе можат да проценат дали е така или не.

Од група загрижени граѓани на Берово – ,,Свиркачи,, – заштитени согласно законот донесен по предлог на СДСМ

П.С. Општината е блокирана, но досудените средства сеуште не се наплатени од сметката благодарение на залагањето на досегашниот градоначалник и адвокатскиот тим кој ја застапуваше општина Берово. Со крајни напори е обезбедено судско решение со кое предмет на извршување можат да бидат само средства над 6.000.000,00 денари, доколку општината ги има на сметката. Благодарение на успешното менаџирање со буџетот, досега извршителите не ги наплатија 550.000,00 ЕВРА, а бидејќи не постојат повеќе правни можности за да се оспорува побарувањето, еве да не испадне дека ние овде нешто прејудицираме и обвинуваме за наводен сторен криминал, го повикуваме Јавното обвинителство по допрен глас да го провери овој случај во кој учествувале голем број на актери од СДСМ и други, па доколку открие некакви незаконитости во нечие работење, да поднесе соодветни кривични пријави.

ППС: Исто така, господине Пекевски се надеваме дека и вие самиот ќе го повикате Обвинителството да ги расчисти овие работи. Околу веродостојноста на прикажаните документи немојте да се обидувате да се правдате дека се невистинити. Ви порачуваме дека истите се 100% со вистинита содржина и му се достапни на секој заинтересиран граѓанин во архивите на Општината што впрочем Вие како вработен таму многу добро го знаете. Како ,,обожавател,, на слободното новинарство и борец за вистината да излезе на виделина, се надеваме дека овој текст ќе го објавите на вашата страна и ќе им го препратите на порталите блиски до вашата партија.

За подобар живот во Македонија – само ве цитираме, поздрав.

Latest News

Boosting Your Deposit Limits on Go88 A Comprehensive Guide

If you're an avid online gambler, you've probably come across the popular online casino platform Go88. It offers a...

More Articles Like This