БРУТАЛНО СЕ ТРУЈАТ ГРАЃАНИТЕ: Преку 200 илјади тони отпад од Струга ќе се префрлат во Дрисла!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Скопје му претстои еколошка катастрофа, а Градоначалникот Шилегов ја замајува јавноста со периферни теми, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат дека ЈП „Дрисла“ договорило, а Град Скопје воден од Шилегов молчи за пренесување на Струшката депонија во Скопје. 200 илјади тони отпад во распаѓање и оти тој ќе биде пренесуван низ Скопските улици и општини со цел да се транспортира во општина Студеничани каде што се наоѓа Дрисла.

-200 илјади тони отпад се еколошка потенцијална бомба и извор на заразни болести за граѓаите. Шилегов наместо метропола од Скопје прави главна депонија во државата. Струшката депонија под претпоставка да е стара десетина години значи дека се работи за околу 200 илјади тони отпад. Дополнително во Дрисла се слеваат 150 илјади тони отпад годишно од подрачјето на Скопје и 35 илјади тони отпад од Тетово. Ова е премногу за градот Скопје, под закана се сите општини под градот Скопје, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму потенцираат дека Шилегов без заобиколување треба да понесе одговорност и да реагира пред да биде предоцна и пред да се случи еколошка катастрофа.

-Треба да одговори на прашањата: дали е спремен да превземе одговорност доколу се случи да има појава на заразни болести, чиви бизнис и политички интереси седат зад ваквата операција, дали се работи за политички пазар меѓу коалционите партнери на власт, што е со средствата со кој владата се фалеше дека ќе ја решава струшката депонија, дали бизнисот е повреден од човечкото здравје, и дали вака Шилегов ќе се бори за почист воздух за скопјани?, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат дека според акцискиот план за управување со отпад треба да се направат депонии во секој од осумте плански региони, а не цела Македонија отпадот да го носи во Дрисла.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This