Бугарите во шok – им се случува косовско сценарио?: „Ckaндалозна“ изјава на лидерот на малцинската турска партија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарија ја тресе изјавата на претседателот на турската партија во Бугарија која е четврта по добиени мандати на предвремените парламентарни избори, Движење за права и слободи на Мустафа Карадај.

Карадај истакна дека татковина на бугарските Турци е Турција со што предизвика лавина негативни коментари од бугарските колеги политичари.

За а Велизар Енчев од Бугарската социјалистичка партија, оваа изјава на Карадај покажува дека неговата партија го избра патот на Албанците на Косово.

-По изјавата на Карадај дека неговата татковина е Турција, а Бугарија е неговата земја, дали Движењето за права и слободи тргна по патот на Албанците во Косово, за кои татковина беше Албанија? Ако Турција е татковина на Карадај, а Бугарија е негова земја, дали судбината на Северен Кипар го чека Крџали (областа на југот на Бугарија, која граничи со Турција и Грција), вели тој.

Мустафа Карадај ја посети Турција минатиот викенд, а оствари средба со претседателот Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Собранието Мустафа Шентоп. Токму на оваа средба Карадај нарече Турција својата татковина.

-Таа земја (Бугарија) е наша земја. Ние не сме таму имигранти. Турција е нашата татковина . Останавме во Бугарија по Отоманската империја. Нашата борба е насочена кон заштита на нашиот турски идентитет, заштита на нашиот јазик, религија и обичаи, изјави тој.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, го потсети Карадеј дека бугарските партии не можат да имаат етничка и верска основа и го повика да го преиспита концептот на татковина.

Бугарската партија ВМРО БНД жестоко реагираше на изјавата на Мустафа Карадај и најави протести ма 9 јуни поради истата.

-За нас, како бугарски патриоти, е неприфатливо кога лидерот на регистрирана партија што работи на територијата на Бугарија излезе со изјави кои го доведуваат во прашање нашиот национален идентитет и нашиот територијален интегритет, велат од партијата.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This