Ванковска: Тие купија осуммина, па за еден ќе било проблем…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тие купија осуммина, па за еден ќе било проблем, коментира професорката Билјана Ванковска, по денешното непојавување на седницата на која треба да се гласа за доверба на влада на пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи.

„Но, неовозможувањето на почетокот на седницата на Собрание за едно од најважните прашања за секоја парламентарна демократија (прашање на недоверба на влада – легитимен механизам на политичка контрола врз власта), со саботажа на кворумот, е најкукавичкиот чин на една „владејачка“ коалиција. Заедно со медиумската темнина – непренесување на седницата на ТВ …
Нека манифестираат мнозинство, нека пропадне иницијативата за гласање недоверба, ама нека се соочат (до полноќ) со критиките на опозицијата… Тоа е минимум политичка пристојност и знак на политичка култура.
На мојата драга пријателка од парламентот одамна ѝ велев: зошто им давате легитимитет, зошто седите внатре? Која е смислата на тоа собрание? Дека е прашањето ми било реторичко, а одговорот самоевидентен се покажува токму денес…
П.С. Седницата сепак почнала – во мрак, тишина, неизвесност… Она што и слепец го гледа е дека во ваква состојба не може да функционира ни собранието ни владата, па затоа единствено решение е самораспуштање на парламентот и нови брзи избори (со надеж дека ќе се свестиме и дека единствен начин да се излезе од заложништвото во кое сме ставени е формирање на опозициски фронт). Друг излез нема. Овде нема веќе ни луксуз да се разговара за идеологија, за програмски определби, и сл. Ова е да се биде или не! Софија гледа сеир, Брисел и Вашингтон исто така… чекаат да се дозаврши работата од оној што им ветил“, анализира Ванковска.

Latest News

Boosting Your Deposit Limits on Go88 A Comprehensive Guide

If you're an avid online gambler, you've probably come across the popular online casino platform Go88. It offers a...

More Articles Like This