(ВИДЕО)БИБЛИСКА KATACTPOФА ВО ГРЦИЈА: Илјадници eBakуирани, во Атина не се дише

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Метео.гр објави застрашувачка снимка на евакуација на луѓе со траект од Еубеа, која ги прикажува луѓето како од траектот ја гледаат огнената стихија која ги опкружува.
Катастрофата од огромните пожари во Грција не стивнува. Огнот беснее и денеска, заканувајќи се на домовите на Грците и ја принуди власта на нови евакуации откако стотина луѓе се евакуирани со траекти во драматичното ноќно спасување.

Двајца починати, најмалку 20 во болница

Двајца загинале, а најмалку 20 се хоспитализирани. Пожарникарите и другите итни служби и натаму се борат против ширењето на големите пожари на најпогодените подрачја, северно од Атина и на островот Еубеја.

Жртви на пожарите е пожарникар врз кого паднал електричен столб и Константинос Микалос, претседател на атинската Стопанска комора, кој е пронајде починат во фабрика која била зафатена од пожар.

Еден голем пожар напредувал низ падините на планината Парнита, национален парк северно од Атина. Чадот кој предизвикува задушување се шири низ Атина, каде власта отворила телефонски линии за жителите кои имаат проблеми со дишењето.

Во апокалиптичните сцени кои траеле во текот на ноќта мали траекти и други бродови евакуирале 1.400 луѓе од приморското село Евиа откако огнот ги отсече патиштата за бегство.
Библиска катастрофа

Локалните власти на Пелопонез процениле дека пожарот уништил околу 70 отсто од неговото подрачје.

– Тоа е библиска катастрофа. Зборувам за три четвртини од општината – изјавил заменик градоначалникот, молејќи за уште канадери.

Во изминатите неколку дена избиле повеќе од 100 пожари.

Застрашувачки снимки на евакуација

Метео.гр објави застрашувачка снимка на евакуација на луѓе со траект од Еубеа, која ги прикажува луѓето како од траектот ја гледаат огнената стихија која ги опкружува.
https://www.facebook.com/watch/?v=817182619166553&t=0

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This