Големата промена на времето во Хрватска донесе бура на Приморјето. Во поголемиот дел од земјата паѓа обилен дожд, а темепратурите се спуштени за повеќе од 10 степени.
Во раните утрински часови силно невреме го погодило југот на Јадранот. На подрачјето на Дубровник за помалку од два часа наврнале 40 литри дожд, што довело до поплави во градот. Во некои делови од градот, кои се сметаат за слаби точки, водата е толку висока, што влегува во автобусите на јавниот превозник. Невремето направило проблеми и во воздухопловниот сообраќај. Три авионски линии од Рим, Атина и Истанбул се пренасочени на други аеродроми.
Во Истарската жупанија евидентирани се 24 настани предизвикани од силните дождови и ветрови: четири удари од гром, едниот завршил во страански турист во кампот Бијела Увала кај Пореч, удар од гром во возило на улица, удар во куќа и во трафостаница, кој предизвикал пожар и прекин на електричната енергија во Раша.