Во близина на светски познатото летувалиште на југот на Франција, Сен Тропе, се срушија два воени хеликоптери, пренесуваат локалните медиуми
Како што пренесуваат сетските медиуми, хеликоптерите паднале во пошумената област Провенс, а во несреќата загинале пет лица. Властите изјавија дека несреќата се случила помеѓу двата мали града Кабас и Каркес, во живописниот регион Вар, околу 55 километри северно од Сен Тропе.
Полицијата ги блокирала сите приоди кон зоната околу местото на несреќата, а околу 40 полицајци и воени претставници се испратени на лице место, според локалната жандармерија.
Од жандармеријата велат дека три лица загинале во еден хеликоптер, а уште две во другиот.