(Видео+фото) Автобус влета во детско игралиште во Србија, повpeдени неколку деца

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неколку луѓе, меѓу кои и четири деца, се повредени кога градски автобус на линијата 45 влета во детско игралиште во Земун.
Автобусот на линијата 45 на приватниот превозник загуби контрола и влета во детското игралиште во улицата Краишка на бројот 74 во Земун околу 13:35 часот.

Три деца се пренесени на Детската клиника во Тирсова, едно лице во Земунската болница, а едно потоа пријавено во болницата, дознава РТС.

„Телеграф“ наведува дека автобусот удрил во автомобил, кој потоа удрил во друг автомобил, кој, пак, се забил во ѕид на локална продавница.

Возачот на автобусот инаку е уапсен, а според неофицијалните информации на полицијата ѝ рекол дека избегал од местото на настанот за да не го линчуваат. Наводно целиот бил крвав.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This