(Видео) Арсовски: Финскoтo миниcтepcтвo пoтвpди дeкa Царовска шиpи лaжни вecти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев и Мила Царовска шират лажни вести. Шират зараза од лажни вести. Министерството за образование на Финска ги демантираше лагите на Царовска дека укинувањето на историјата како предмет е по финскиот образовен модел, соопшти портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Во Финска историјата е задолжителен предмет за сите ученици во основно и во средно училиште. Во основа на новата наставна програма во Финска знаењето на историјата и историските вештини се уште повеќе засилени и зацврстени, стои во одговорот на Министерството за образование на Финска испратен до Македонско–финското здружение, во кој ја демантираат Царовска за она коешто го изнесе на прес-конференција.

Во Финска историјата и општествените науки се изучуваат како посебни предмети, а не заедно. Значи, македонската министерка не ја зборува вистината, се вели во одговорот на Министерството за образование на Финска испратено до здружението. Царовска е фатена во класична лага и манипулација врз граѓаните.

Со цел по секоја цена да успеат да ја укинат историјата како предмет Царовска се обиде да го злоупотреби финскиот образовен модел, кој е најдобар во светот, во надеж дека ќе ги излаже и изманипулира граѓаните.

Лагите на Царовска не поминаа. Фејкњузот што го креираат Царовска и СДСМ не помина“, истакна Арсовски.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This