Како би ја објасниле црвената боја на некој што не гледа? Или бојата на цвеќе, длабоко море или пак облаче на небото? Меѓутоа и за луѓето што не гледаат секогаш постои некоја надеж.
Со развојот на медицината некои состојби на немање вид сега се оператибилни и можно е да се поврати видот. За среќа, тоа сега е можно и за кучињата. Еден од тие среќници е и ирскиот териер, Дафи.
Дафи имал големи проблеми со здравјето. Добил дијабетес, што довело и до губење на видот.
Ветеринарите успеале, со помош на лекови, да го стабилизираат дијабетесот но сиротото куче ништо не гледало.
Замислете каков шок е тоа за едно влакнесто суштество. Неговото семејство не се двоумело за операција, а откако му се вратил видот, и среќата била поголема.
Реакцијата можете да ја погледнете во видеото, навистина е посебна.