(Видео) Витанов: Македонија е екстремно богата земја штом опстана и по 30 години kpaдење, митo и kopупција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Витанов, поранешниот пратеник, заменик министер за финансии и бизнисмен, во денешното издание на „Прашањето ми е следно“ на Инфомакс, зборувајќи за економијата во земјата, коментираше дека доказ дека власта нема агенда за екомонски развој на земјата е тоа што токму овој ресор го остави на раководење на ДУИ.

„Партија што дошла на власт и што има премиер, а да не ги држи ресорите економија и финансии е непојмливо. Они ги оставија на ДУИ, а каква партија е ДУИ, сите знаеме…“, коментираше Витанов

Тој апелираше до власта да ја смени методологијата на избор на тендери, бидејќи фирма која била основана ден пред објавувањето на тендерот не може да учествува на државен тендер.

„Доколку си ја сакаме земјата, доколку си ги сакаме децата, апелирам да не може на тендер да учествува фирма која што не остварува од пазарно стопанисување повеќе од 70% годишно приходи по завршна сметка. На тој начин ќе знаеме дека пазарни фирми, ќе учествуваат на тендери, а не Зоки енд френд, Рашко еднс Френдс… Не може фирма која што не учествува во прифодите на пазарни услови, да учествува на државен тендер“, потенцираше Витанов.

Витанов додека дека ваквата состојба во земјата е резултат на тоа што сите политички партии доаѓаат на власт токму за тие тендери, а не да се борат на интересите на државата. Според него, Македонија е исклучително богата земја, бидејќи успешно опстојува и покрај децениското крадење од страна на власта.

„Со овој начин на размислување ние се доведовме во прашање, држава шшто има четири годишни времиња, што во секој месец во годината самата земја, дури и кога не ја одгледуваш раѓа храна, да биде сиромашна. Ние да имаме луѓе кои се на раб на егзистенција, кои живеат со два долари на ден. Па тоа е јасно дека е крадена таа држава. И можам да ви кажам дека сме екстремно богата земја штом и после 30 години мито и корупција коишто напредуваат постојано со секоја влада, уште опстојуваме. Тоа мене ми дава надеж. И затоа излегувам, и зборувам за економија, и затоа останав да живеам во Македонија, зата што овде имаме потенцијал, но човечките ресурси треба да ги смениме. Без човечки ресурси нема да се оправиме“, вели Витанов.

Витанов, нагласи дека е еден од најголемите плаќачи на данок во земјата, додавајќи дека фактот што ги исполнува своите обврси кон државата, и плаќа поголем данок од премиерот, му дава за право и да ја критикува власта.

„Прашањето ми е следно“ со Зоран Витанов, 26.03.2021

„Прашањето ми е следно“ со Зоран Витанов, 26.03.2021

Posted by infomax.mk on Friday, March 26, 2021

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This