Нов силен земјотрес беше почувствуван околу 18 часот во областа Петриња, во централна Хрватска, и траеше околу 10 секунди.
Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар прво извести дека бил со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, а подоцна објавил дека големината е сепак 5,0 степени. Епицентарот, според прелиминарните податоци, бил на околу 45 километри југоисточно од Загреб, во областа Петриња, пренесува Индекс.хр.
Во новиот земјотрес кај Петриња беа оштетени неколку згради, екипите што ја прегледаа областа веднаш беа испратени на терен, а засега нема податоци за жртвите, вели портпаролот на Главниот штаб за отстранување на последиците од земјотресот, Младен Павиќ.
Досега пристигнаа три извештаи за штета во објектите што веќе се оштетени, а штетата е евидентирана и во полициската станица во Петриња“, изјави Павиќ за Хина.
Сите служби кои вршат увид на теренот веднаш излегоа на терен.
Земјотресот траел околу 10 секунди, а се почувствувал во централна Хрватска и регионотСо оглед на јачината на земјотресот од 5,0 и времетраењето од околу десет секунди, се очекува штета“, рече Павиќ.
„Со оглед на јачината на земјотресот од 5,0 и времетраењето од околу десет секунди, се очекува штета“, рече Павиќ.