(Видео) Македонија со Заев е земја која дава закрила на мaфијaта, помага тepoризaм и во која царува нapkо бизнисот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија со Заев се претвори истовремено и во земја која нуди закрила на мафијата и во земја која помага терористи и во земја во која царува нарко бизнисот. И сето тоа под закрила и поддршка на власта. Во светот станавме познати како криминално Елдорадо, изјави денеска во Коментар на денот, Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Стоилковски посочи дека власта на Заев и Спасовски поделила над 200 официјални македонски документи и патни исправи на босови на италијанската, црногорската, турската, српската, шпанската и која ли уште не мафија од регионот Европа и светот.

– Сето ова не би било возможно без знаење и амин на високи функционери од власта, бидејќи институционално биле злоупотребени лични податоци, матични броеви и имиња на македонски државјани, за да може криминалци да го крстарат светот. Да биде срамот за Македонија поголем, власта на Заев и Спасовски издавала вакви исправи и на лица членови на ИСИС со што сме го загрозиле светскиот безбедносен систем. Замислете терорист доаѓа во полициска станица и вади македонски документи и потоа оди низ светот и на боишта кај што гинат илјадници лица од нивните терористички активности, вели тој.

– Трето, но и најстрашно, државата ја претворија во нарко зона кај што личниот шофер на братучедот на Зоран Заев и командирот на полициска станица назначен од Спасовски, водат пратка со дрога вредна 800 илјади евра, од компанија која е во бизнис конекции со семејството Заеви. Македонија е уништена земја со уништен углед, без безбедносен систем каде се е ставено во спрега на криминалот спонзориран и заштитуван од власта. Прво оставки, а потоа и кривична одговорност на врвот на мафијата на власт, додаде Стоилковски.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This