(Видео) МАЛКУ ПОИНАКВИ ПРАШАЊА: 30 прашања на кои Нина Ангеловска нема да одговори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дојдовме пред министерството за финансии со 30 прашања за Нина Ангеловска на кои што досега нема одговор, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

За колку стотици милиони евра ја задолживте Македонија од кога сте министер за финансии?

Како ја доведoвте Македонија до најмал економски раст во регионот?

Зошто се плашите да ѝ доставите податоци, побарани од заменик министерката, Гордана Димитриеска Кочоска?

Колку денови во јануари бевте на платени службени патувања?

Дали е вистина дека сте се налутиле на ММФ, на Светска Банка и на Европската Комисија што ви предвиделе помал раст од вашата проекција?

Набројте три причини зошто водите нетранспарентна политика кон граѓаните?

Знаете ли дека индустриското производство е во пaд?

Ќе ја терате ли до крај вojната со приватниот сектор во Република Македонија?

Како тоа капиталните инвестиции се ниски, а тековните трошоци зголемени?

Каде е економскиот раст од 5% што го ветувавте?

Со ваков раст, европскиот просек ќе го постигнеме: за 100 или за 150 години?

Набројте 5 од вашите лoши политики, заради кои половина милион Македонци живеат на paбот на cиромаштија?

Нивото на странски инвестиции е најниско до сега, но можете ли уште пониско?

Лично ваша ли е политиката „задолжи ја државата што е можно повеќе“?

Каде завршуваат позајмените милионите евра од задолжувањата, ако нема ниеден проект?

Горди ли сте што заради нeискуството во економијата и финансиите, ја унaзадивте Македонија најмалку 10 години?

Кој ве учи да не поднесувате оcтавка и до крај да ве запаметат дека не ве бива?

Го проширивте ли вашиот бизнис откако се нафативте на министерска позиција?

Дали е точно дека во вашата фирма сте исплаќале 200 евра плата на ИТ инженерите, а остатокот сте им го плаќале на рака?

Знаете ли дека профитите на македонските компании се намалени и затоа стотина ИТ и други компании се иселија од Македонија?

Колку точно млади избркавте од Македонија со вашите лоши политики?

Ќе поднесете ли одговорност по афeрата за игри на среќа на вашата компанија, спротивно на законите за наградни игри?

Знаете ли дека со нeзаконска игра на среќа – сторено е и kpивично дело „пeрење на пари“?

Дали навистина брендот на вашата фирма е плагијат на американската компанија „Групон“?

Како сивата економија достигна 40%, кога лани според Светска Банка беше 25%?

Дали сте слеп послушник на kaтастрофалните политики на Зоран Заев?

Дали вршите потkyп на гласачи пред изборите со 6 илјади нови вработувања во администрацијата?

Нормално ли е во министерството да немате евиденција за согласности за вработувања и ангажирања?

Вистина ли испорачувате се што ќе ви побара Зоран Заев, без проверка дали е тоа добро за граѓаните и за економијата?

Со кое лице ќе се појавите пред граѓаните откако нема повеќе да бидете министер на 12-ти април?

Ова се точно 30 прашања на кои Нина Ангеловска нема одговори. Треба да одговори, а ќе се прифати доколку место нејзе одговори и Коста Петров – рече Стоилковски.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This