На свадба во турскиот град Адана настанал хаос откако гостите започнале да се тeпaaт затоа што наводно не можеле да се договорат околу музиката.
Како што може да се види на снимката столиците главно „оpужje“ во преметката и летале на сите страни. Како што пренесуваат турските медиуми, невестата и младоженецот доаѓаат од различни региони на Турција, па и двајцата сакале на свадбата да има традиционална музика од нивните родни места.
Некое време наизменично се пуштала различна музика, но очигледно тоа не ги задоволило гостите, па ситуацијата набрзо ескалирала во масовна тeпaчкa.
На крајот морала да интервенира и полицијата, но никој не бил yaпceн. Младенците потоа ја напуштиле свадбата, а истото го сториле и нивните гости.