(Видео) Палевски открива кои струмички компании се вмешани во гpaбежот на Еуростандард Банка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во најновата епизода на емисијата „Тешки муабети“ на Инфомакс Љупчо Палевски Палчо зборуваше за пропаѓањето на Еуростандард Банка односно грабежот кој беше направен од страна на неколку струмички фирми. Палевски коментираше дека воопшто не е направена анализа за тоа кој и како го извршил грабежо, ниту пак да се побара одговорност од виновниците.

„Сега за сега сѐ е концентрирано на Трифун Костовски и син му на Трифун Костовски, Николче Петковски, првиот директор на банката кој е прозван од сите страни, но не даде никаква изјава и опозицијата која го користи случајот за тема на прес конференциите. Тука застанува се и правда и процедура, се вклучува селективна правда. Ќе настрада само Трифун, никој друг што крадел нема да настрада.“, коментираше Палевски.

Палевски коментираше дека вината на Трифун Костовски завршува кај неговата доверба што тој ја имал во лицата на кои им го доверил управувањето на банката

„Еуростандард Банка е опљачкана преку лоши пласмани кои се правени на неколку начини. Банката ја пљачкале организирано неколку групации. Првата групација која пљачкала на начин што организирани десетици фирми поднесуваат барање на многу едноставен брз начин, нормално заедно со директорот и добиваат огромни кредити, појасни Палевски посочувајќи ја групацијата Крмзов како директно инволвирана во целиот грабеж кај која завршиле околу 11% од вкупниот капитал на банката.

Фирмите на сликата се напишани со износите кои ги позајмиле. Се работи за струмички фирми поврзани со Зоран Заев и брат му Вице. На последната графа, каде што е наведена присилната наплата, можете да видите дека е празно, таква наплата нема.

„Се работи за десетина милиони евра „стопени“ од Еуростандард на добро организирана струмичка група блиски на Вице и Зоран Заев, под раководство на господинот Крмзов, бизнисмен од Струмица“, појаснува Палевски.

Освен Крмзов, во организираниот грабеж на Еуростандард Банка учествува и групацијата Тритерол, која освен што се наоѓа во Струмица, во периодот кога Зоран Заев беше градоначалник на Струмица, целокупниот увоз на плин од Петрич со цистерни го вршеше оваа фирма.

„Значи два мандати на Зоран Заев, Тритерол беше главниот превозник од Петрич до Струмица на гас. Криминал кој ДПМНЕ тогаш не го виде“, посочи Палевски додавајќи дека групацијата Тритерол продолжи со бизнисот по доаѓањето на СДСМ на власт.

„Откако дојдоа на власт групацијата Тритерол си продолжи и се усоврши, и до сега има украдено околу милион ипол евра кредитчиња низ неколку фирми на Тритерол каде што е поврзан субјект, а има вратено само 2% од земените пари.“, открива Палевски.

Тој додава дека Костадин Костадинив, портпаролот на СДСМ е всушност сопственикот на Тритерол.

Трета групација која е поврзана со пропаѓањето, односно со грабежот на Еуростандард Банка е Мулти офис групацијата со поврзани субјекти на еден ист сопственик кои сите заедно имаат подигнато кредити во износ од речиси три милиони евра, а наплатата е само 3,66%.

„Значи ова се три крупни групации кои оваа банка ја имааат ограбено. Меѓутоа не е само ова. Ова се организирани групи на меѓусебно поврзани субјекти, кои добро организирани, заедно со директорот даваат кредити“, додава Палевски.

Палевски понатаму објаснува зошто е потребен директорот и каде е тука криминалот

„Народна банка на Република Македонија била должна сето ова да го знае, била должна сево ова со супервизија да го документира и да го спречи ваквото дејствувањеи работење на една банка во Република Македонија. Ова Народна банка не го направила. НБРМ дополнително морала да го знае и следново: Вкупниот износ на нефункционални кредити е 3,3 милијарди денари односно околу 50 милиони евра се изгубени во лоши кредити“

Овие пари се стопени на два начини, прво, давање редит на огромни милионски износи со потпишување на меница на газдата на фирмата без никакво обезбедување во корист на законот. Тоа е кршење на законот и обврска на НБРМ е сето тоа на време да го открие да го стопира и да го санкционра. Народна банка ова не го направила со години и тука има поврзаност, корупција на НБРМ.

„Пример, Феро има земемно кредит со потишување на мениза 2,5 милиони евра кредит без никаква хипотека. Атевес зеус, милион и триста илјади евра, Винас текстил Струмица, 900 000 евра, Јанев трејдмарк 650 000 евра, со потпишување на обична меница која не може да се наплати и така натаму….Вакви фирми кои добиле кредит со едноставно потпишување на меница се стотици“, вели Палевски.

Освен со меници, останите 2 милијарди денари, се дава хипотека формално, наместо согласно прописите и обрските кон НБРМ за секој даден денар во најмал однос 3/1 или 2/1 или 1/1 во зависност од категоризација на клиентот, мора да бидат парите на банката обезбедени.

„Пример, Екопласт рицајклинг од Скопје има земено кредит од 58 милиони денари со хипотека проценета на 28 милиони. Трагедијата е што банката ја прави проценката. Југо трејдинг Струмица добила милион и четиристотини илјади евра , а да обзбедување за 200 000 евра. Повардарие шпедиција зела 70 милиони, а дале 40 милиони хипотека, го појаснува Палевски вториот начин на грабеж додавајќи дека има стотици ввакви компании кои подигнале кредит со хипотеки со пониска вредност од законски предвидената.

„Тешки Муабети“ – Епизода 25, Сезона 1

„Тешки Муабети“ – Епизода 25, Сезона 1 Домаќини: Љупчо Палевски – Палчо Милош Милошевски Тема: Како фирмите на Заев ја турнаа во стечај „Еуростандард“

Posted by infomax.mk on Sunday, March 28, 2021
„Тешки Муабети“ – Епизода 25, Сезона 1

„Тешки Муабети“ – Епизода 25, Сезона 1 Домаќини: Љупчо Палевски – Палчо Милош Милошевски Тема: Како фирмите на Заев ја турнаа во стечај „Еуростандард“

Posted by infomax.mk on Sunday, March 28, 2021

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This